Добредојдовте во Edentallab
Edentallab е заботехничка лабораторија фокусирана на производство на високо квалитетни протетски изработки, со максимално конкурентни цени и на целосно задоволство на клиентите. Edentallab гарантира врвен квалитет на заботехничките изработки што ги нуди:
- изработки врз забни импланти,
- порцелански коронки и мостови
- CAD/CAM – керамички, циркониумски, метални и композитни изработки
- тотални и парцијални протези
- ортодонтски апарати, по спецификации и инструкции на лиценцирани стоматолози
Тимот од обучени и сертифицирани дизајнери, техничари и керамичари секојдневно ги применуваат своите врвни знаења и тековни обуки, со цел да се добие највисок квалитет, естетски префинети и професионални резултати.
CAD/CAM систем
CAD/CAM системот претставува употреба на современа компјутерска технологија во изработка на коронки и мостови и други протетски реставрации од PMMA, метал и циркониум.
CAD/CAM кратенката означува компјутерски асистиран дизајн и компјутерски асистирана изработка. Основната предност на овој компјутерски био-концепт пред традиционалната лабораториска изработка
е брзината и прецизноста.
Edentallab поседува најсовремена CAD/CAМ опрема во регионот, со германски квалитет, најмодерни дигитални скенери и софтвер за дигитално дизајнирање.
DSD (Digital Smile Design)
DSD носи вистинска визуелизација на пациентот, овозможувајќи му да го види крајниот резултат на реставрацијата во реално време, пред да почне стоматолошкиот третман. DSD третманот гледа на пациентот во целина, на карактерот, како и на целата структура на лицето, за да се осигура дека крајниот резултат ќе се совпадне со естетскиот изглед на пациентот.
DSD е филозофско дело… Тоа е нов бран на дигиталната стоматологија, која ја носи на повисоко ниво, овозмoжувајќи им на пациентите визуелна комуникација и однапред предвидливи безболни резултати.
Дигитален Wax-up дијагностика со ПЕЧАТЕН модел